Познатата актерка Џесика Алба во разговор со новинарката на „Курир“ искрено зборува за балансирањето помеѓу мајчинството и работата.

Најновата серија „Ел-Еј фајнест“ била повод за разговор помеѓу Џесика Алба и новинарката на „Курир“, во кој актерката открила детали за серијата, но и за сопствениот живот. Алба во овој проект учествувала со Габриел Јунион. Интересен податок е тоа дека актерките практично истовремено станале мајки, но набрзо по породувањето почнале да ја снимаат серијата. Познатите мајки во текот на интервјуата говореле за тоа како успеале истовремено да бидат мајки во реалниот живот и детективи во серија.

Џесика по тој повод рекла: „Да не се лажеме, многу беше полесно што и двете бевме извршни продуценти, па можевме да направиме план во согласност со нашите потреби и да ја организираме екипата во таа насока. Бевме тука една за друга. Најмногу се грижев за тоа како ќе ја снимиме пилот-епизодата бидејќи мојот син во тоа време уште цицаше, но екипата беше полна со поддршка и ми даваше сила да продолжам. Така што имаше моменти кога доев, а потоа трчав на сет и пукав. Тоа влијаеше да се создаде длабок и искрен однос помеѓу нас и екипата и тоа е многу важно“.

Нејзината партнерка во работата, Габриел, додала: „Морам да признам дека Џесика ми покажа дека и во Холивуд можеш да бидеш добра мајка колку што можеш да бидеш и професионалец и притоа ништо да не страда. Тоа навистина го научив од нејзиниот пример“.

Токму поради породувањето, Џесика морала да биде внимателна при физичките подготовки за улогата. „Како што реков, непосредно пред почетокот на снимањето се породив, па морав физичкото спремање за улогата на детективка да го приспособам на моето тело во таа состојба. Доев на паузите, трчав дома по снимањето и навистина не бев во можност многу да тренирам. Габриел во тоа беше многу поуспешна од мене. За втората сезона ќе морам многу повеќе да ја посетувам фитнес-салата. Она што беше интересно се полициските обуки низ кои секако моравме да поминеме, па на тоа морав да бидам редовна“, рекла актерката.

фото извор: entrepreneur.com

Покрај многубројните улоги во кои играла силни жени, ова многу ѝ значи бидејќи ќе ја инспирира и својата ќерка да биде  истовремено силна и елегантна жена. „Секогаш ме привлекувале улоги во кои играм силни жени, тоа е сигурно и мој личен одраз и енергија. Така сум размислувала отсекогаш. Зошто не би можела да бидам во исто време силна, самосвесна, а потоа и нежна и елегантна жена? Како мајка на ќерка, сметам дека е важно уште од мали нозе да ја учам дека во денешно време во светот женското мора да ги земе работите во свои раце. Во нашата серија имаме две жени кои не се совршени, но на крајот, на свој начин, се херои“, изјавила Алба.

Во секој момент семејството ѝ е на прво место на актерката, а размислувањето за улогите секогаш останува како помалку важна одлука. „Отсекогаш сум размислувала премногу колку време ќе поминам со своите деца и како ќе им ја осигурам иднината, а помалку размислувам за улогите што ќе ги играм и што ќе кажам. Се фокусирам на тоа да им бидам рамо за сѐ и во секој момент и многу повеќе обрнувам внимание на нивното воспитување отколку на тоа што ќе го оставам со улогите“.

 



912

X