Воспитување

Детство со „лоша мајка“: Имавме чувство дека сме поинакви од другите деца

Боби Пингаро го опиша своето детство и начинот на кој мајка ѝ ја воспитувала, како и нејзините браќа и сестра ѝ, поради што кога била мала била тажна, а денес ѝ е многу благодарна.

Имам „злобна“ мајка!

Додека другите деца јадеа слатки за појадок, јас морав да јадам житарки, јајца или двопек. Додека другите јадеа колач за вечера и пиеја „кока-кола“, јас морав да јадам сендвич. А и ручекот не ми беше како нивниот.
Но, барем не страдав сама. Мојата сестра и двајцата браќа ја имаа истата лоша мајка.

Мојата мајка секогаш сакаше да знае каде сум. Човек би помислил дека сум со некоја улична банда. Мораше да знае кои ми се пријатели и каде одам. Упорно бараше од нас ако кажевме дека ќе се вратиме за еден час, тогаш и да се вратиме – или порано, а не за еден час и една минута. Ми е срам да признам, но нè казнуваше ако не ја слушавме. Не еднаш, туку секојпат кога не ја слушавме и кога правевме работи по наша волја. Сега гледате колку злобна беше нашата мајка.

Моравме да носиме чиста облека и да се бањаме. Другите деца ја носеа истата облека со денови. Многу се каравме бидејќи сама ни ја шиеше облеката за да заштедиме пари.

Зошто, зошто имавме мајка поради која се чувствуваме поинакви од другите деца?

Моравме да одиме во кревет во девет часот секоја вечер и да станеме во осум следното утро. Не можевме да спиеме до пладне како другите деца. И додека тие спиеја, мојата мајка го воведе законот за работа. Моравме да работиме низ куќата, да готвиме и да правиме други работи.
Секогаш моравме да ја кажуваме вистината, вистината и ништо друго освен вистината дури и по цена на сопствениот живот.

Кога станавме тинејџери, стана помудра, а нашиот живот уште понесреќен. Немаше свирење со автомобил пред нашата куќа. Моравме сите момчиња и девојки да ги поканиме дома. Мама да ги запознае! Секогаш проверуваше дали сме таму каде што кажавме дека ќе одиме. И додека моите пријателки имаа момчиња на 12 и 13 години, јас не смеев да излегувам до 16 години. Односно 15 години, ако излегував во училиштето. А тоа беше можеби двапати годишно.

Со текот на годините работите ни малку не се сменија. Не можевме, како нашите пријатели, да лежиме болни в кревет и така да избегнеме да не одиме на училиште. Моравме да имаме добри оценки. Слабите оценки не се земаа предвид.
Така еден по еден сите матуриравме. Со мајка која постојано ни кажуваше, инсистираше, повторуваше, казнуваше и бараше искреност, никој од нас не можеше, а да не заврши барем најмалку средно училиште.

Мајка ми навистина беше катастрофа. Од четворицата, тројца завршивме факултет. Никој од нас никогаш не бил уапсен, ниту си дошол дома под дејство на алкохол.
И кого сега да обвиниме за она што станавме? Никогаш не пиевме, не крадевме, не уништувавме работи, ниту правевме возбудливи работи како нашите пријатели! Сè што нè учеше беше да станеме човечни и праведни луѓе.
И сега и јас така ги воспитувам моите три деца… И ги разбирам кога мислат дека сум малку лоша. Но, се гордеам со тоа…
Бидејќи, јас му благодарам на Бога што ми ја даде „најлошата мајка“ на светот.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top