Ако навистина застанете и размислите за тоа, може да најдете позитивно нешто во сè. Повеќето родители ги учат своите деца секогаш да бидат чесни, да бидат добри луѓе и инсистираат на морални вредности кои треба да ги практикуваат во животот. Не е чудно што родителите толку се лутат кога децата лажат – не само затоа што е погрешно, туку и затоа што се отежнува животот на родителите.
Децата обично лажат за да „покријат“ некоја грешка или несреќа, за да добијат нешто што сакаат, или кога едноставно сакаат внимание. Но, многу луѓе мислат дека ова е само знак за бујна фантазија. Изненадувачки, науката докажува добра, конкретна позитивна придобивка: децата што лажат имаат подобри мемориски вештини.
Истражување од Универзитетот „Шефилд“ во Англија открива дека „малечките лажговци“ имаат одлична меморија, особено за зборови. А тоа е сигурно од корист кога треба да се запомнат многу работи кога планирате да лажете често. „Додека родителите вообичаено не се горди кога нивните деца лажат, тие барем можат да бидат задоволни што кога нивните деца лажат добро, тоа значи дека стануваат подобри во размислувањето и имаат подобри мемориски вештини“, вели развојниот психолог д-р Елена Хоицка.
„Веќе знаеме дека возрасните лажат во петтина од нивните социјални интеракции кои траат 10 или повеќе минути, па интересно е да се знае зошто некои деца се способни да кажуваат повеќе лаги од другите“, додава таа. За експериментот, истражувачите вклучиле 114 деца на возраст помеѓу 6 и 7 години и им дале квиз. Прво, децата биле прашани каков звук прави кучето и каква боја се бананите. Потоа, децата биле прашани дали го знаат името на лажен лик од цртан филм. Истражувачите го напишале одговорот на задниот дел од картата со зелено мастило придружено од слика од мајмун, па им рекле на децата да не гледаат во тоа и го оставиле секое дете само во соба со картата во исправена положба – сето тоа додека ги снимала скриена камера.
Научниците знаеле кои деца лажат врз основа на тоа кој рекол дека го има точниот одговор и тврдел дека не мами. Потоа им поставиле на децата прашања-замки и им рекле да погодат што покажувала сликата и која боја било мастилото со кое било пишувано. Децата што се преправале дека не знаеле или погодувале погрешно намерно, биле прогласени за добри лажговци, додека децата што „западнале“ во прашањата-замки биле лоши лажговци.

Истражувачите потоа им дале на децата тестови за меморија и откриле дека најдобрите лажговци имаат одлична меморија, кога станува збор за зборови, но не и за слики. Истражувачите дошле до тој заклучок базиран на лажењето, вклучително и со меморизирањето на вербалните информации. Ова е одлична вест за родителите кои се грижат дека нивните деца ќе станат патолошки лажговци и ќе го поминат својот живот во избегнување на преземањето одговорност. И додека е нормално за родителите да се грижат за тоа какви ќе бидат нивните деца кога ќе пораснат, ова откритие можеби доаѓа и како олеснување – барем не мора да бидат загрижени до таа мера кога ќе го „фатат“ своето дете во лага.
Се разбира, тоа не значи дека не треба да бидат претпазливи во однос на прифаќањето на лагите од своите деца. Важно е родителите да ги научат децата дека лажењето е погрешно, особено кога се користи за да се избегне навлегување во неволја или немање желба да се стори нешто. Тоа значи дека треба да се постави пример преку кажување на вистината отворено во домот, дискутирање со децата за разликите помеѓу вистината и лагата, преку обезбедување награди за искреноста и последици за лажењето. Но, за вкусот на тортата на тетката? Тогаш е сосема во ред да се лаже.
Автор: Никол Вивер