Децата што вежбаат медитација по неколку минути секој ден се повнимателни на часовите. Тие, исто така, постигнуваат подобри резултати на училиште, помалку се немирни и многу помалку агресивни.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Сиднеј, Австралија. Оние деца што имаат нарушување на вниманието, а кои почнале да практикуваат медитација, нивната состојба на умот се менува на подобро.

Резултатите покажуваат дека овие деца полесно се фокусираат, помалку се хиперактивни, а исто така подобро се поврзани со родителите и имаат поголема самодоверба. Кога е потребно, децата, благодарение на медитацијата, можат да ја спречат прекумерната имагинативност и „брилијантноста“ на умот, велат истражувачите.
Ако имаат проблеми со следењето на часовите поради немирни мисли, воведувањето кратка медитација на дневна основа ќе им помогне да се фокусираат на една задача.