Игротека

Божиќните светилки поставени на улиците во едно шкотско гратче ги дизајнираа деца

Како божиќните светилки во Њубрг, Шкотска, нема други во светот. Имено, тие ги оживуваат цртежите на децата и на нив се претставени ирваси, ангели и мисирка.

Во организација на „Екшн груп“ од Њубрг, светилките беа приклучени во саботата. Фотографиите од нив станаа популарни на интернет, а многумина беа воодушевени од оригиналната идеја на шкотското гратче.

– Светилките се многу популарни во нашата локална заедница, а не сме виделе дека некој друг град има ваква идеја – напиша Попи Мекензи Смит, која ги постави фотографиите од декорациите на „Твитер“.

– Идејата почна пред 20 години кога имавме обични светла. Но, откако почна натпреварот за дизајнирање на светлата, секоја година беше поставено едно светло дизајнирано од децата – додава таа.

Оваа година, градот одлучил сите светла да бидат дизајнирани токму од учениците.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top