Движењето е во самото „срце“ и преку движењето децата пронаоѓаат различни начини да се развиваат интелектуално, емотивно, друштвено и, се разбира, физички. Секое учење започнува со телото. Од фаќање на прстите, до држење на тропалките, сфаќање на механиката на ползењето, стоењето, одењето, скокањето и прегрнувањето, секое движење што ќе го направи детето – намерно или случајно – води кон учење. Движењето, се разбира, кај детето развива физички способности. Но, истовремено во мозокот се градат сензорни перцепции и критични патишта, потребни за да се оствари неговиот полн потенцијал.

Истражувањата покажуваат дека во првите години од детството во мозокот на секое дете се градат околу 90 отсто од невролошките патишта. Тие патишта одредуваат како мисли и учи детето, но уште повеќе, се формира личноста на детето… кои се неговите страсти и стремежи, желби и предизвици, внатрешни размислувања, надворешни реакции и погледи на животот… сè што тече низ невролошката мрежа изградена со неговите најрани физички и сензорни искуства.

Со едноставноста што го одзема здивот, природата направила овој процес на учење да биде динамичен и непрекинат, истовремено градејќи ги и телото и умот. Значи, колку повеќе се движи детето, толку повеќе го стимулира умот. На тој начин природата нежно го поттикнува детето да истражува надвор од неговите моментални граници за да стекне нови способности. И тоа е, се разбира, она што го нарекуваме учење.

Ова патување е само за вашето дете. Тоа не е трка. Тоа не е натпревар

Во раното детство сè е важно. Всушност, самата природа на раното детство е сложено ткаење во кое малку по малку сè се развива. Со други зборови, ниту една физичка вештина, когнитивна мисла, креативна инспирација, емоционално будење или социјална нијанса не е изградена во целосна изолација. Наместо тоа, секое искуство и напредување ги негува сите други, што за возврат го покренува целото тело на детето нанапред.

И имајте на ум дека ова патување е само за вашето дете. Тоа не е трка. Тоа не е натпревар. Не се работи за тоа дали е прво, или најдобро. Натпреварувањето во кој било облик, од кој било извор и од кој било предмет во раните години на детето на вбризгување вештачки препреки кои ги комплицираат работите прави непотребен стрес и за вас и за вашето дете, а што е најлошо, може да се забави и напредокот на детето.

„Подготвеноста“ е состојба на умот. Според моето мислење, фокусот во раното детство треба да биде на тоа да му помогнете на своето дете да научи да се движи на негов сопствен начин. Дефиницијата „подготвеност“ би гласела дека кај детето мора да се развие довербата во неговите сопствени способности за совладување на предизвиците од секојдневниот живот.

Верувам дека сè што прават децата има развојна цел која им помага да учат и да растат со свое темпо.

Тука сте да ги пуштите, насочувате и следите.

Автор: Јелена Кудриќ, дефектолог логопед, рееддукатор за психомоторика



912

X