– АДХД – нарушување на вниманието. Во што е работата? Тоа е дете кое не може мисловно да се сконцентрира. Кога предавате, тоа слуша, но штом нешто ќе шушне, гледа во друг правец. Веднаш сака да истрча да види што е тоа. Дете од 10 години доаѓа кај мене во амбуланта, јас нешто го прашувам, а тоа трча кон прозорецот, ги допира инструментите…

Бидејќи кај децата доминантна е перцепцијата на сетилата. Детето премина од сетилото вид на сетилото слушање. И сè освен тоа слушање го трга настрана. Не е способно својата мисла да ја концентрира на една точка. Тоа дете не можете да го научите на ред така што ќе му ја намалите оценката, ќе го префрлите од едно одделение во друго.

Тие деца мора да се однесат кај дефектолози да извршуваат вежби за ритам, познавање на просторот, да прават вежби кои детето не ги прифатило во втората, третата година од животот. Детето треба да го доживее тој ритам бидејќи нашиот живот е целиот во ритам, од утро до вечер.

Некое дете во одделението има дислексија, а е добар ученик, но не му оди, па не можете да го научите да чита. Хиперкинетичкото дете е дете со кое сè уште не знаеме педагошки да работиме. И можеме да му помогнеме тогаш кога ќе се организира неговиот живот така што преку некоја спортска активност, пливање, на пример, ќе се обноват некои форми на однесување кои му фалат, за да може да се сконцентрира.

Тие деца главно не знаат за лево, лева рака, лево уво… а имаат 10 години. Постојат и некои работи што мора претходно да се научат за да владее со своето тело. Тие не го познаваат своето тело.

Д-р Светомир Бојанин, емисија „Агапе“.

Автор: Слаѓана Пантовиќ

Извор



912

X