Игротека

Денешните татковци се погрижливи

Улогата на таткото во семејството и во животот на детето од неговото најрано детство сè до зрелите години од животот е од неверојатно значење. Таткото е поддршка, утеха, столб на кој секогаш можеме да се потпреме.
Секој човек е различен, па така и таткото во основа е само човек и во зависност од карактерот се издвојуваат различни групи татковци. Во минатото татковците можеле да се поделат во неколку групи:

Паричник: Овој тип татко е преокупиран со финансиите и постојано се обидува да обезбеди материјална поддршка за своето семејство. Децата со ваков татко честопати се незадоволни бидејќи тој нема многу активна улога во нивниот живот.

Карпа: Овој татко е „тежок“ човек. Тој е строг и постојано поставува правила. Тој верува дека добриот татко треба да биде емоционално оддалечен од децата, па кај него изливот на емоции е вистинска табу-тема.

Невидлив: Овој татко се обидува да биде вистински „другар“ со своите деца, но често знае да оди од крајност во крајност и поради тоа, често се чувствува понижен и непочитуван. Тој не ги разбира децата, неговите напори знаат да бидат несмасни.

Овие традиционални стереотипи за главата на семејството денес се судираат со една друга слика на современ татко.
Современиот татко се обидува да направи спој од строгиот цврст став и разиграниот нежен татко, тој ужива во игрите и шегите со децата, но не се плаши да покаже цврст став и да постави праведни и непоместливи граници во нивниот однос. Тој и неговата сопруга обично имаат еднаква улога во подигнувањето на домот и семејството.

Овој тип татко е секогаш околу децата. За разлика од минатото, денес татковците сè повеќе се грижат за семејството и сметаат дека имаат обврска да бидат постојан дел од животот на детето и дека нивната мисија е да живеат за своето дете.

Оваа промена на улогите се должи на две големи социјални промени: зголемениот број жени вклучени во работната сила и зголемениот број разводи. Сега кога жените работат колку и мажите, од нив се бара да преземат поголеми одговорности околу децата и на тој начин имаат повеќе време и можност да воспостават близок контакт со своите најмили.

Поради овие промени, денешните мажи се принудени да развијат една сосема поинаква врска од онаа што ја имале со своите татковци. Истражувањата покажуваат дека 75% од денешните татковци уживаат во дружбата и грижата за децата и дека не можат да живеат оддалечени од нив.

Лошиот однос меѓу татко и дете остава трајни последици во животот на детето. Децата што знаат дека зад нив стои татко кој би дал сè за нивната среќа и добросостојба се многу посреќни од другите и имаат многу подобра перспектива.
Исто како што кажал Сигмунд Фројд: „Не можам да помислам на ништо поважно за едно дете од потребата од таткова заштита и љубов“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top