Повеќето луѓе се под силен впечаток од удирањето шлаканици на мало девојче. Блажени се оние што понекогаш слушаат за насилство само од медиумите.

Веќе утре многумина ќе вперат прст токму кон таквото дете и ќе речат – „преместете го во друго одделение“.

Следниот пат кога ќе кажеме: „Па, тоа е должност на родителите, а не на училиштето…“ – ако бидеме искрени, ќе се потсетиме на видеото.

Такви деца доаѓаат во градинка, училиште… желни за убави зборови, желни за совети и грижа за нив. Но, доволно долго се чувствуваат безвредни, па често (не секогаш) стануваат агресивни и немотивирани да ја следат толпата што учи или се дружи, бидејќи не ѝ припаѓаат.

И затоа НИКОЈ не смее да каже: „Не е моја грижа, таа дојде невоспитана, родителите требало да ја научат на тоа…“

Требало, ама не ја научиле… и што ќе правиме сега?

Да ја фрлиме в канта?

Со закон би ја забранила реченицата: „Ние сме немоќни“.

Не сме семоќни, но не сме НИКОГАШ немоќни.

Автор: Снежана Голиќ

Извор



912

X