Воспитување

Дали треба да ги учиме децата да бидат скромни

Многумина од нас се прашуваат дали во денешно време има смисла да се учи детето да биде скромно. Се плашиме дека во морето на саможивни и наметливи луѓе, детето едноставно ќе биде скршено со таков став. Ве разбирам, мајка сум. Ќе ви помогнам повеќе да не се двоумите на таа тема.

Прво што треба да знаете е дека да се биде скромен е одлично во одредени сфери, додека во некои е многу штетно. Кога се работи за материјалните работи, многу е мудро да се биде скромен. Неопходно е да се биде скромен во угодувањето на себеси ако сакате да се развивате како личност. Не случајно Тесла бил толку аскетски настроен, патријархот Павле не залудно јадел само половинка или дури четвртина риба. Знаеле кој пат е вистинскиот и со своите резултати потврдиле дека оделе по тој пат. Ако сакате да живеете смислено, неопходно е преку управување со себе да можете да бидете среќни и без скап телефон, малку да трошите на гардероба, да се храните со обична храна, да уживате во лето поминато на мала селска плажа покрај река… Не е забрането да се нурнете во море и да ручате лосос, но важно е да се биде независен од тоа. Тоа е оооогромна моќ! Без ова човек е слаб, неизграден и зависен, лесен плен.

Така што, деца, овој вид скромност дефинитивно треба да се учи. Таа ќе биде столб на нивниот иден карактер. Од друга страна, каде не треба да се биде скромен?

Се плашам дека ќе ме осудите тука или барем погрешно ќе ме сфатите, но ќе бидам храбра. Кога негуваме ситна, скромна слика за себе, доживувањето на сопствената сила е исто таква, а тоа понатаму директно влијае врз тоа колку во животот ќе се осмелиме и охрабриме. Не е добро да не се верува во себе. Затоа тука не ни треба скромност. Да нема недоразбирање, не ни е потребен надменост, тоа е двојна мака, но ниту скромноста не е добредојдена. Така со скромното доживување на себеси, нашите потенцијали често остануваат нереализирани. Дури би рекла дека е наша должност да не бидеме задоволни со скромноста, односно дека наша должност е да бараме што подобри услови за покажување на нашиот целосен потенцијал, што значи дека не треба да се задоволуваме со лоши работни места, туку храбро да се обидуваме да влечеме напред.

Ете, се надевам дека сега е јасно, но да извлечам заклучок:

Децата треба да се учат на скромност во материјалните работи и кога е во прашање угодувањето на себеси, но не кога е во прашање остварувањето на своите потенцијали. Тогаш е важно да се осмелите да посакувате. Во превод, на своите деца не им купувам скапи работи, кога одиме на пица, не нарачуваат и десерт, но ги охрабрувам да го изберат најдоброто училиште, пријател кој најмногу им одговара, момче кое најмногу им се допаѓа… Не им треба таа скромност, туку самосвест и храброст. Па ако бидат одбиени, ќе се приспособат на тоа, но ќе знаат дека се обиделе.

А тоа, ќе се согласите, е моќна сатисфакција.

Автор: Билјана Грбовиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top