Често зборуваме за професијата на таткото, за фундаменталната улога на оваа родителска фигура во животот на децата, особено сега кога е нарушено убедувањето дека мајката е таа што нужно мора да се грижи за семејството. Бидејќи на децата им се потребни и мајка и татко, еднакво.

И ако е вистина дека да се биде храбар човек, значи да се преземат товарот и честа на таа важна улога, без страв и многу изговори, исто така е вистина и дека фигурата на татковците, споредено со периодот пред неколку децении, еволуира, односно значително е променета.

Татковците од минатото ја имаат онаа необјаснива предиспозиција за зголемување на дистанцата помеѓу нив и своите деца, како да има вето на споделувањето моменти од интимност и вниманието. Немало дијалог, барем не до таа мера каде што детето може да ги знае мислите или намерите на родителот – татко.

Да се биде храбар маж, значи да не се биде исплашен да се биде татко

Интересен текст на Луиза Миниати, објавен во италијанско списание за семејна едукација, се навраќа на серија автобиографски сведочења од втората половина на 20 век во однос на фигурата татко кон кој се има страхопочит. Џорџо де Чирико, на пример, во интервју зборувал за ладниот однос што го имал со сопствениот татко. „Се сакавме. Но, малку зборувавме. Тој беше пуританец, затворен и студен човек“.

Ренато Гутусо, исто така, зборувал за татко си на сличен начин: „Многу енергичен. Студен. Формален. Мораше да се почитуваат добрите манири“. Примерите се бескрајни за ваквите односи: авторитарни татковци со апсолутна улога на исполнување на должноста, секогаш одржувајќи прецизни простори и дистанци кои никогаш не се надминати.

Не многу одамна, на мажот не му било дозволено да ги изрази своите чувства, да ги прегрне своите деца или да покаже слабост.

Таткото, кој е главен во патријархалното општество, не може да признае дека има нешто што не го знае. На сето ова биле додадени и карактерите и ставовите на жените, кои придонеле во правењето на мажите – глави на семејствата, а неговите зборови да бидат закони кои мора да се следат.

Денес сето ова е променето, правилата се исти за сите во семејството, дури и ако се „диктирани“ од мајката. Без запаѓање во критицизам и осуда на она што е правилно, а што погрешно, само сакаме да посочиме колку очигледно е дека денешните татковци се различни од оние од минатото и ја живеат својата улога на потежок начин бидејќи немале примери во кои ќе се угледуваат. Улогата на таткото, денес, е градациски редефинирана и јасно е дека нема инструкција која може да се следи за да се биде добар татко или, пак, да се постапи правилно. Од друга страна, важно е да се запомни колку е фундаментална улогата на родителите во животот на децата и да е биде свесен дека, на еден или на друг начин, родителот секогаш е пример и модел за децата. Од нив ќе зависи дали ќе го имитираат и следат или не.

Да се биде храбар маж, значи да не се биде исплашен да се биде татко.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X