Благодарение на овие прашања би можеле да дознаете неверојатни работи! Детето треба да биде опуштено, треба да му дозволите доволно време да одговори, а најдобро е да запишувате буквално сѐ што ќе каже

Секоја мајка сака да знае што се случува во слаткото главче на детето, а сега, со помош на овие 23 прашања кои се шират меѓу родителите на „Фејсбук“, можете да добиете навистина добар увид во тоа како ве гледа вашето дете.

Иако прашањата изгледаат наивни, одговорите на детето може да ве изненадат. Дајте му доволно време да одговори, а најдобро е да запишувате буквално сѐ што ќе каже. Еве ја листата со прашања што се споделуваат на социјалната мрежа:

1. Што секогаш ти вели мама?
2. Што ја прави мама среќна?
3. Што ја прави мама тажна?
4. Како мама те смее?
5. Каква била мама како дете?
6. Колку е стара мама?
7. Колку е висока мама?

8. Што сака мама најмногу да прави?
9. Што прави мама кога ти не си тука?
10. Поради што мама би станала славна?
11. Во што е мама навистина добра?
12. Што не ѝ оди добро на мама?
13. Што е работа на мама?
14. Поради што си горд на мама?
15. Што сака најмногу да јаде мама?
16. Што правите ти и мама заедно?
17. Во што сте исти со мама?
18. Ако мама беше лик од цртан филм, која би била?
19. Во што се разликувате ти и мама?
20. Како знаеш дека мама те сака?
21. Што најмногу ѝ се допаѓа на мама кај тато?
22. Кое е омиленото место на мама?
23. Колку била стара мама кога те добила тебе?
За да добиете идеја што сѐ може да очекувате од одговорите на детето, еве неколку интересни детски одговори на овие прашања кои ги пренесуваат порталите:

Што ја прави мама среќна? – „Јас“.
Што најмногу ѝ се допаѓа на мама кај тато? – „Кога не го гледа“.
Колку била стара мама кога те добила тебе? – „Имала три години, колку мене“.
Што секогаш ти вели мама? – „Доаѓам за една минута“.
Што прави мама кога ти не си тука? – „Пие вино“.
Што сака мама најмногу да прави? – „Да зборува“.
Кое е омиленото место на мама? – „Креветот“.



912

X