Воспитувањето деца во модерно време може да биде стресно и тешко. Но, искрено верувам дека треба да се гледа со чест и задоволство на сите возрасни што се способни да влијаат врз децата на  кој било начин, без разлика дали сте чичко, родител или само пријател на некое семејство – вашата сопствена енергија и како се однесувате со децата ќе има трајно влијание врз нив.

Во никој случај не велам дека сите возрасни треба да следат одредена листа за да имаат позитивно влијание врз децата, но сигурно дека многу точки од листата подолу ќе функционираат како добронамерен потсетник дека нашите деца се нашата иднина и дека иднината на нашата планета е во нивни раце. Така што, како се однесуваме со нив и како се грижиме за нив, со текот на времето ќе се одрази и врз нас и врз нашата планета.

1. Извинете им се на децата кога грешите.

2. Не претпоставувајте дека сте попаметни од едно дете само затоа што сте постари.

3. Речете им благодарам на децата кога ќе направат нешто за вас или за другите.

4. Признајте им на децата дека сте направиле грешка.

5. Слушајте ги децата. Никогаш не запоставувајте ги.

6. Поставете граници за прифатливо однесување.

7. Бидете пример за нив.

8. Учете ги и практикувајте сочувство, љубов и добрина.

9. Објаснете им дека акциите имаат последици, добри или лоши.

10. Уживајте гледајќи ги и негувајќи ги. Уживајте во привилегијата и одговорноста да бидете во можност да ги водите и да ги формирате во одговорни, добро приспособливи возрасни луѓе.

Автор: Каш Кан



912

X