Д-р Ранко Рајовиќ во најновото гостување на јутјуб-каналот „Агеласт“ зборува за образовниот систем некогаш и сега, како и за нашата неподготвеност за вештачката интелигенција.
– Ние дури сега сфаќаме како работи мозокот. На луѓето тоа порано не им беше целосно јасно: кои региони на мозокот работат кога учиме, кога пееме, кога пишуваме, кога мислиме, кога учиме напамет. Тоа сега може да се види. И токму тоа ја насочува невронауката. Невронауката помага да воочиме дека нашиот систем за учењето напамет е погрешно. Во минатото се водевме од мислата да учиме со повторување. Тоа можеше да се прави со ограничен број информации. Сега одеднаш повеќе нема 100 или 200 информации што треба да ги научиме во основно училиште. Сега има 1.000. И поради тоа воочуваме дека во учењето напамет нешто не е во ред – објаснува д-р Рајовиќ.
912