Тантрумите или изливите на бес се честа појава кај малите деца кои сè уште не знаат мирно да се справат со сопствените фрустрации или да се справат со другите негативни емоции. Со нив се добро запознаени сите родители, а еден од нив е и познатиот водител Енди Коен, кој неодамна на својот инстаграм-профил споделил видео од тантрумот на неговиот син и сето тоа поради еден бисквит.

Како што открил во објавеното видео, причина за неутешното плачење било тоа што неговиот син морал да подели парче бисквит со помалата сестра Луси.

„Значи плачеш затоа што ти дадов бисквит? Затоа плачеш?“ „Затоа што ѝ искрши парче на Луси за да го споделиш со неа? Па, мислам дека е убаво да делиш со другите. Кога ќе има таа бисквит, сигурно ќе го сподели и со тебе“, рекол Енди.

И покрај обидите да се смири ситуацијата, неговиот син продолжил да плаче додека водителот не решил дека можеби е најдобро воопшто да не му даде бисквит. „Не требаше ни да ти дадам бисквит, можеби немаше да се случи ниту еден од овие проблеми“, изјавил водителот на крајот. Видеото за кратко време стана вирално, а во него се препознаа многу родители.

„Ах, тие прекрасни тантруми. Воопшто не ми недостигаат“, е само еден од многуте коментари.

Извор



912

X