Воспитување

Видео: Додека жената се породува, сопругот гледа натпревар

Амбер Луиз Тили на социјалната мрежа „Тик-ток“ сподели видео од нејзиниот партнер како внимателно следи фудбалски натпревар, додека таа лежи во болнички кревет со породилни болки. Сопругот дури користел маска за кислород за да остане смирен додека неговиот тим играл „важен натпревар“.

Откако било објавено, видеото има 4,1 милиони прегледи и ги подели мислењата на корисниците на популарната социјална мрежа.

„Никогаш не би ѝ го направил тоа на жената која го раѓа моето дете“, „Тажно“, „Зарем не му се налутила за ова“, се дел од коментарите.

Watch on TikTok

Тили појаснила дека не го обвинува партнерот затоа што породувањето штотуку започнало.

„Кога дојде моментот на породување, тој беше покрај мене и ме држеше за рака“, истакнала таа потоа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top