„Можеш ли да кажеш мама, можеш ли да го кажеш името на мама?“, ѝ вели мајката Алиса Смајт од Оклахома, САД, на својата 11-месечна ќерка Арија, во видео на „Тик-ток“ кое веќе има 8 милиони прегледи.
Смајт пее песна од Рејчел Грифин Акурсо, позната и како г-ѓа Рејчел, едукатор и текстописец, која стои зад популарниот профил „Songs For Littles“.
Кога Смајт ја фокусира камерата на Арија, бебето многу јасно кажува тато. Потоа таа ja лула ќерка си в раце, а детето повторува „тато“ пеејќи.
Следбениците ја забележале посветеноста на бебето на нејзиниот татко, па се шегувале: „Таа дефинитивно те исмева“, „Начинот на кој пееше? Тоа беше лично“, стои во коментарите.
30-годишната Смајт раскажува дека Арија ја дознала песната од гледањето на видеата на г-ѓа Рејчел додека биле кај една пријателка. „Нејзините песни се толку забавни, разиграни и привлечни и оваа ми се заглави во главата“, вели таа. „Ја пеев неколку дена и Арија ја научи“.
Смајт вели дека посегнала по мобилниот телефон за да ја сними својата ќерка, надевајќи се дека ќе каже „мама“, зборот што вообичаено го кажува, заедно со „тато“, нејзиниот прв збор. Арија исто така, користи знаковен јазик за да комуницира за некои од своите основни потреби.
„Способноста на Арија да пее и да одговара на интонација е неверојатна“, вели Смајт. „Се надевав дека ќе каже мама, но не го стори тоа“.
„Оваа песна сепак му ја посвети на својот татко“, додава мајката. „Не е тешко да се разбере зошто – тој е најдобриот татко на светот“.
Решена да ја слушне како вели „мама“, Смајт снимила уште едно видео додека ѝ ја пеела песната на Арија, а в раце ја држи нејзиниот татко.
Повторно Арија вели „тато“, на задоволство на нејзиниот татко.
„Ќе дојде и мојот ден“, напишала Смајт на видеото.
Автор: Елис Соле