Моментите како одвикнување од пелените или фрлање на цуцлата се важни во животот на децата. Кога се подготвувате за тоа, важно е да го набљудувате детето и да го изберете вистинскиот момент. Исто така, треба да го подготвите детето за овие големи работи.
Кога планираме да го одвикнеме детето од пелени, купуваме гаќички, маици, дури и книги за да разговараме со него. Ако се обидуваме да го одвикнеме детето од цуцлата, можеме да користиме книги и разговор, а почесто се споменува и добрата вила.
Така, една мајка одлучила да види како функционира методот со добрата вила и го споделила тоа на „Тик-ток“. Кога одлучила дека е време нејзината ќерка да се ослободи од цуцлата, таа решила да не купува играчки, туку отишла на соодветно место во градината и го поттикнала девојчето да ја закопа цуцлата во земјата. Потоа, местото го навадиле, а следното утро девојчето добило изненадување. На местото каде што била закопана цуцлата, „никнале“ слатки.
@erindomin Dummy fairy came today… her reaction is the sweetest ever ?? #dummyfairy #dummyfairygift #toddlersoftiktok #mumsoftiktok #toddler #toddlergirl #motherdaughter #fyp #foryoupage #special #foryou #toddlermom ♬ original sound – Erin Domin
Мисијата била успешна. Девојчето се ослободило од цуцлата без плачење и лоши емоции.
912