Оваа прекрасна реклама што беше емитувана за време на „Супер боул“ успева да ја долови врската помеѓу лабрадор и девојчето Ава, додека растат заедно, сето тоа во само една минута.
На почетокот на рекламата, насловена „Засекогаш“, го гледаме кучето Бер како малечко кученце и Ава како детенце, но во наредните 60 секунди тие растат заедно, па ја гледаме Ава со свое семејство, а Бер сè уште е покрај неа. Рекламата завршува со пораката: „Ништо не е поважно од годините поминати заедно“.
912