Некои бебиња се почувствителни и бурно реагираат кога ќе видат некого, додека други се плашат ако некој им пријде или ги допре. Бебињата што се навикнати на чести посети побрзо се навикнуваат и полесно прифаќаат непознати лица, па оваа фаза обично им трае многу малку.

Дали стравот од непознатото е нормална појава?

Стравот од непознати лица е сосема нормален и најчесто се јавува сосема неочекувано и ненадејно. Бебето одеднаш се плаши од непознати, ја врти главата и се прилепува за мајката. Некогаш бебето се плаши од луѓе што ги видело претходно, па дури и од блиски луѓе (баби и дедовци, соседи) кои не ги видело две или три недели. Обично овој страв исчезнува сам по себе, како што се појавува, бидејќи бебето едноставно го надраснува.

Зошто моето бебе одеднаш се плаши од луѓе?

Некои научници ја објаснуваат насилната реакција на бебето кога ќе види непознати лица со тоа што бебето всушност покажува страв само кога може да спореди нешто што го знае или препознава со нешто што му е непознато, или поточно, дека тоа не го препознава. Како што расте бебето, тоа подобро може да разликува познати од непознати лица, а сѐ повеќе се плаши од оние што не ги препознава. Во еден момент (околу осмиот месец) стравот доживува кулминација, а потоа постепено исчезнува.

Исто така, постојат научници кои тврдат дека бебето чувствува страв од непознати затоа што ги перципира како потенцијална закана, или поточно чувствува опасност и ранливост. Сепак, и покрај различните теории, не постои точно објаснување зошто се појавува стравот, ниту може да се предвиди како бебето ќе реагира.

Совети за родителите

– Секогаш бидете блиску до бебето кога во негова близина се непознати луѓе бидејќи неговата реакција може да биде многу бурна, особено ако родителите не се со него.
– Обидете се веднаш да го утешите бебето, но не инсистирајте на конфронтација бидејќи тоа може само да ја влоши ситуацијата.
– Покажете му на вашето бебе дека новите луѓе се добронамерни. Кога ќе се поздравите топло, со насмевка и ако гласот ви е мирен, детето помалку ќе се плаши, но имајте на ум дека понекогаш ни тоа не е добро решение, особено ако бебето е премногу чувствително.
– Предупредете го друштвото внимателно да му пријде на бебето, но да не го допира. Потоа погледнете ги неговите реакции. Ако плаче и изгледа исплашено, кажете им на другите да почекаат малку додека бебето да се опушти, а потоа обидете се повторно да ја остварите средбата малку подоцна.

Извор



912

X