Воспитување

Кои играчки не треба да им ги купувате на децата?

Педијатарот Нијам Линч на својот профил на „Тик-ток“ објави видео во кое открива кои пет играчки никогаш не би им ги купила на своите деца.

На самиот врв на листата со забранети играчки се сè попопуларните водни топки, еден вид сензорни играчки кои може да бидат исклучително опасни доколку детето ги проголта.

Таа објаснува дека друго што треба да се избегнува се играчките со батерии кои личат на монети, играчки за деца до три години кои доаѓаат во мали делови што може да се одвојуваат, миленичиња кои многу родители им ги подаруваат на децата и квадрицикли за возење кои можат да бидат многу опасни за секое дете.

Извор

Поврзани написи

To top