Здравје

СЗО и ЦДЦ: Сипаниците се непосредна глобална закана


Речиси 40 милиони деца во светот ја пропуштиле вакцината против сипаници во 2021 година поради тешкотиите предизвикани од пандемијата на ковид-19, се наведува во заедничкиот извештај на Светска здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

– И додека случаите на сипаници не се зголемат драматично во споредба со изминатите години, сега е време да се дејствува – изјави експертот за морбили во СЗО, Патрик О’Конор.

Тој додаде дека сѐ уште нема експлозија на заразени со сипаници поради социјалното дистанцирање и цикличната природа на морбилите.

Сипаниците се еден од најзаразните човечки вируси што речиси целосно може да се спречи со вакцинација. Сепак, 95 проценти покриеност со вакцинација е потребна за да се спречи појава на вирусот меѓу населението.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top