Кучињата можеби се единствените суштества кои се невини исто колку и децата. Затоа и не е чудно кога бебето и кучето развиваат посебен однос.
Таков однос развиваат едно куче и едно сѐ уште неродено бебе. Бремената Мери Шил на нејзиниот тик-ток профил го сподели моментот кога нејзиното куче Шарлот првпат почувствувало како бебето клоца во нејзиниот стомак.