Шестгодишниот Шејн го расплакал ветеринарот кога му објаснил зошто мисли дека кучињата живеат пократко од луѓето.

Момчето било присутно на прегледот на неговото куче заедно со неговите родители Рон и Лиза, откако нивното 10-годишно куче Белкер почнало да се однесува чудно. Иако семејството се надевало на чудо, на крајот дознало дека нивното куче умира од рак.

– Им кажав дека не може ништо да се направи за Белкер, па понудив евтаназија – вели ветеринарот. Но, она што го оставило без зборови е изјавата на малото момче, кое се обидело да објасни зошто кучињата живеат пократко од луѓето.

– Додека разговаравме околу процедурата, неговите родители рекоа дека сакаат нивниот син да биде присутен во тој момент. Тие сметаа дека Шејн може да научи нешто од искуството. За време на постапката се прашував дали Шејн разбира што се случува затоа што ми изгледаше изненадувачки смирен – вели ветеринарот.

Никогаш не сум слушнал поутешително објаснување

Во рок од неколку минути Белкер мирно си заминал од овој свет, а момчето го прифатило тоа без никакви тешкотии.

– Седевме заедно некое време по смртта на Белкер и разговаравме за тажниот факт дека животите на животните се пократки од животите на луѓето. Шејн одеднаш рече: „Знам зошто. Луѓето се раѓаат за да можат да научат како да живеат добар живот – да чувствуваат љубов и благодарност кон другите, нели? Кучињата веќе го знаат тоа и знаат како да го прават тоа, па не мора да останат толку долго на Земјата како луѓето“ – раскажува ветеринарот.

Зборовите на момчето станаа хит на „Редит“ и му донесоа малку утеха на секој што тагува и се соочува со загубата на домашно милениче.

– Морав да се збогувам со мојот најдобар пријател минатата недела и објаснувањето на ова момче ми донесе голема утеха – пишува еден твитер-корисник.

Извор



912

X