Пофалбата е еден вид нематеријална награда со која му кажувате на вашето дете што ви се допаѓа кај него или неговото однесување. Пофалбата ја негува самодовербата на вашето дете и го зголемува чувството за самопочитување.
Со давањето пофалби му покажувате на вашето дете како да размислува и да зборува позитивно за себе. Му помагате да научи како да препознае што прави добро и да биде гордо за тоа.
Пофалбата е нешто што треба да го негува личниот развој на детето, но таа не треба да биде оцена за неговиот труд и презентирана преку резултатот што детето го добило.
На пример, кога би кажале: „Браво, доби петка“, ние го пофалуваме резултатот и со тоа го оценуваме однесувањето. Наместо тоа, подобро би било да кажеме: „Оваа тема бараше многу трпение и посветеност и гледам дека ти си успеал во тоа.“
Еве неколку примери кога пофалбата станува поддршка во личниот развој на детето:
Не се откажа и успеа!
Ова бараше многу трпение, беше трпелива и упорна.
Ова беше храбро и мудро решение од твоја страна.
Го испланира времето, така ќе успееш навреме да завршиш.
Си бил многу креативен во оваа задача, секоја чест.
Обврнуваш внимание и на детали, ова навистина е многу добро.
Се однесуваш многу одговорно и тоа ти помага во сѐ.
Има зошто и на што да се гордееш, на себеси.
912