12-годишно момче од Оклахома Сити неодамна стана најмладиот афроамерикански студент во историјата на Оклахома.
Елајџа Мухамед Џуниор се запиша во прва година на колеџот во Оклахома Сити минатиот месец, одбирајќи три предавања како дел од неговиот отсек за сајбер-безбедност.
Неговиот татко, Елајџа Мухамед Сениор, вели дека многу рано ја препознал надареноста на неговиот син.
– Беше многу внимателен и имаше работи што ги забележав уште кога Елајџа имаше две години кои беа едноставно различни кај него, и сметав дека треба да ги негувам – вели неговиот татко.
Елајџа е еден од гениите на семејството. Неговата сестра Шанија, која порано беше најмладата личност што се запишала на колеџот во Оклахома на 13 години, е најмладата што дипломирала, на 14-годишна возраст.
912