Велат дека кога сакате нешто вистински, можете постојано да зборувате за тоа. Но, ретко кој со толку ентузијазам и воодушевување зборува за, ни помалку ни повеќе, пченка.
Детето што ќе го видите во видеото одговара на прашања зошто толку многу сака да јаде пченка.
„Кога ми кажаа дека пченката е вистинска и ја пробав, беше толку вкусна. А потоа пробав пченка со путер и сѐ се смени. Многу сакам пченка!“, вели слаткото дете.
Детето додава дека не треба секому да му се допаѓа пченката за таа да биде најдоброто нешто. Тој одговара на многуте прашања што му ги поставува новинарот и постојано дава пофалби за пченката и нејзиниот вкус.
„Пченката е најдоброто нешто“, воодушевено вели детето. Смета дека пченката треба да чини само еден долар и порачува дека ако некој сака да дознае нешто повеќе за пченката, тој е на располагање да му објасни.
Неговиот дух е неверојатен и сигурно слатко ќе ве насмее.
912