Кога ќе влезете во вториот триместар од бременоста, веројатно ќе сфатите дека облеката што ја носевте дотогаш повеќе не одговара на вашите потреби. За да не трошите пари, ви претставуваме одлични трикови за користење на старата облека за нови цели.

Направете сами лента за стомак на панталоните

Мекото, растегливо парче ткаенина што го носите на струкот ќе биде најудобното нешто што можете да си го дозволите. За да не купувате фармерки и панталони за трудници, ви нудиме решение.

Исечете го горниот дел од панталоните и на него зашијте парче растеглив материјал од стара маичка.

Користете стегач за коса за да направите широки труднички панталони

Стегачот протнете го низ отворот за копчињата на панталоните, провлечете ги двата краја на стегачот еден низ друг за да се врзат и прицврстат, а потоа протнете го копчето низ висечкиот дел. На тој начин добивате ширина, а кога ќе облечете кошула, никој не може да забележи дека имате стегач.

Купете продолжеток за градник

Големината на вашиот градник ќе се менува неколку пати во текот на бременоста, а купувањето нов може да се избегне или барем да се одложи за некое време со помош на мал трик. Купете екстензија за градник и ќе додадете неколку сантиметри во обемот.

Додајте хеланки и фустанот претворете го во туника

Сигурно ќе забележите дека повеќе не можете да носите некои фустани кои сте ги сакале пред бременоста. Како што расте стомакот, така и должината на фустаните ќе се скрати и нема да се чувствувате удобно да ги носите. Постои едноставно и евтино решение – носете хеланки под него и ќе биде како туника.

Позајмете облека од вашиот партнер

Ѕирнете во плакарот на вашиот партнер и сигурно ќе најдете нешто што можете да го искористите. Една од одличните работи е машката кошула која можете да ја комбинирате со хеланки и маичка. Носете ја откопчана, засукајте ги ракавите и ќе добиете супер стајлинг за трудници.

Извор



912

X