Без разлика на возраста на децата или нивната моментална фаза, родителите никогаш не престануваат да се грижат за нив, а за подобро и поквалитетно да патуваат низ животот, добро е уште од мали нозе да им се кажуваат одредени работи. Некои родители ги споделиле мудрите совети што им ги дале на своите деца на порталот „goodhousekeeping.com“.

„Бидете среќни, забавувајте се, бидете љубезни кон вашето тело и срце. Вашиот живот не е завршен ако не сте поминале добро на испитот или ако не знаете што сакате да правите. Никогаш не е доцна да се почне одново“ – Никол Џонстон.

„Важно е да знаете од што да се откажете од животот. Незадоволството е губење енергија, подобро е да се забавувате со луѓе кои вредат за вашето време“ – Ана Флин.

„Вие сте сами одговорни за вашиот живот. Не дозволувајте другите да ви кажат што да правите со него“ – Саманта Грин.

„Заработувањето пари ќе ви даде чувство на гордост, но не трошете го секој денар. Ќе го цените тоа кога ќе остарите!“ – Роберта Даулинг.

„Не почнувајте да пушите дури и ако вашите пријатели го прават тоа и мислите дека изгледа кул. Ќе дојде време кога очајно ќе сакате да ја прекинете таа лоша навика“ – Кетрин Вилер.

„Животот е подолг отколку што мислите. Уживајте во првата љубов, но не грижете се ако врската не успее – следниот пат ќе бидете помудри“ – Џенин Тенисон.

„Не плашете се да правите грешки бидејќи ќе научите многу повеќе од вашите неуспеси отколку од вашите успеси. Важно е како се справувате со нив“ – Едит Томас.

„Пополнете го вашиот живот со работи во кои уживате и не очекувајте другите луѓе да ве направат среќни – тоа мора да дојде од вас самите“ – Хенриета Френклин.

„Бидете добри со родителите! Тие нема секогаш да бидат околу вас…“ – Маргарет Браун.

Автор: Бернадет Фалон

Извор



912

X