Доктор Родриго да Роса Фиљо од Бразил редовно ги споделува фотографиите и видеозаписите од породувањата на „Инстаграм“, особено оние што се издвојуваат по необичноста.
Такво беше и ова породување, кога на овој свет стигна и една тројка. Две од трите бебиња беа родени во амнионска кеса, а третото бебе, Аделин, е ѕвезда на оваа снимка.

Лекарите одлучија да не ја дупнат кесата веднаш, туку чекаа седум минути за таа да се разбуди.
– Вчера се роди тројка. И Јоаким е роден во амнионска кеса и бевме одушевени. Но Аделин, која исто така беше во амнионската кеса, ни дозволи да ѝ се воодушевуваме додека спиеше. Така имавме привилегија да ја набљудуваме цели 7 минути додека таа се однесуваше како сè уште да е во стомакот на мама. Ова е волшепство на животот – стои во коментарот на ова чудесно видео.

 



912

X