„Јекодерм“ е првата помош по која посегнуваме кога ќе се појават изгореници на кожата. Дејствуваме брзо уверени во нејзината моќ за смирување на црвенилото предизвикано од долгото сончање. Го забрзува обновувањето и заздравувањето на кожата што е вцрвенета и изгорена поради долготрајната изложеност на УВ-зраците. Причина повеќе и самиот мирис на „јекодерм“ да потсетува на море и сонце, на водени лудории и црвени, но среќни образи. Слики и спомени, пред сѐ, од детството, кога мајките не тргнуваа на одмор без овој еликсир за здрава кожа спакуван во таа мала туба со мирис на кокос.

На пазарот понудата е богата со мноштво слични производи кои се користат во истата ситуација, но зошто првиот избор е производот со рибината маст на „Галеника“?

„Јecoris oleum“ на латински значи рибино масло и е состојката по која и „јекодерм“ го добил своето име. Оттука доаѓа и неговата моќ.
Рибиното масло е богато со витамин А, кој е неопходен за правилно формирање на епидермот. Маста го забрзува и олеснува процесот на регенерација на иритирана и оштетена кожа, ги обезбедува неопходните хранливи состојки за сува и перутава кожа правејќи ја кожата мазна, сјајна и поеластична. Се користи за третман на кожа оштетена од различни надворешни влијанија – топлотни, хемиски, механички и УВ-зрачење, а не е тајна дека жените ја користат и за спречување на брчките и нега на зрелата кожа, како и за лекување акни. Маста е одлично решение за сува испукана кожа и за кожа која е иритирана или има чешање предизвикано од прекумерно триење и потење. И, се разбира, првата итна помош во случај на црвенило на кожата предизвикано од прекумерно сончање.

Децениската доверба што сме ја изградиле кон овој производ се должи и на посветеноста на тимот кој стои зад неа. Фармацевтската компанија инвестираше во сите деловни сегменти, посветувајќи значајно внимание и на македонскиот пазар, каде што „Галеника“ ја препознаваме како сигурен партнер со висок квалитет и фармацевтски бренд со традиција на македонскиот пазар. Повеќето од нас ја имаме „јекодерм“ во нашата патна торба или во домашната мини-аптека. И тоа нема да се смени ни во следните 77 години.

Рибиното масло често се користи во козметичката индустрија за нега на кожата поради комплексниот состав. Покрај витаминот А, рибиното масло е богат извор и на витамин Д, како и на разни есенцијални масни киселини. Најважни меѓу овие киселини се омега-3 масните киселини, незаситени киселини кои се многу важни за нормалното функционирање на нашето тело.
Омега-3 масните киселини имаат значајни антиинфламаторни својства. Односно, EPA и DHA киселините, кои во голема мера се наоѓаат во рибиното масло, помагаат за намалување на производството на себум во проблематичната кожа, а оваа комбинација еднакво добро се бори и со штетното УВ-зрачење. Ја намалуваат фотосензитивноста на кожата, односно прекумерната реакција на кожата на сончевото зрачење. Впрочем, сончевото зрачење е една од најчестите причини за предвремено стареење на кожата, појава на дамки на лицето, брчки и изгореници.

„Јекодерм“ содржи и вазелин, што е исто така важна состојка за здрав изглед на кожата, а се користи како база за многу масти и кремови за нега на кожа. Вазелинот е богат со минерални масла и создава заштитна бариера која ја одржува свежината на кожата.

Иако звучи богато и комплексно, „јекодерм“ е едноставна маст која лесно се користи. Како број еден спасител за поцрвенета и иритирана кожа може да се најде во секоја аптека, а се нанесува 3-4 пати на ден на местото кое е воспалено или иритирано.

(Комерцијална објава)



912

X