Хедер Скатс од Кентаки минатиот викенд станала ѕвезда на американските медиуми откако сама се породила покрај пат. Во објава на „Фејсбук“ таа открила дека имала благи контракции кога влегла во автомобилот со своите пет деца. Имало уште три недели до породувањето, па не се загрижила и тргнала да заврши некои обврски.

„Не мислев дека ќе го држам бебето в раце неколку часа подоцна“, рекла таа. Но, контракциите се засилиле и зачестиле, што значело дека наскоро може да се породи. „Планирав да се породам дома во вода исто како порано. Но, не одеше сѐ според планот. Се возев во автомобилот со децата и почувствував дека морам да застанам. Излегов од автомобилот, преминав на другата страна од патот и буквално го фатив бебето. Сѐ се случи брзо, мислев дека тоа е можно само на филм“, се потсетила таа.

Потоа возела до својот дом со бебето сè уште врзано со папочната врвца. За среќа, нејзините бабици брзо пристигнале. „Сè уште сум во шок поради тоа што се случи. Сѐ е во ред, тој е здрав и нема да го заборавиме овој ден“, додала таа.

Нејзиниот сопруг бил разочаран бидејќи го пропуштил раѓањето на шестото дете.

Извор



912

X