Забава

„Поточиња 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија

– Многу нешта ги радуваат децата, како прегратки, шеги, игри, забава, другарување, но танцувањето и пеењето им се можеби омилените. На прагот од летото детските желби ќе станат реалност. Фестивалот „Поточиња 2022“ официјално ќе се одржи на 18 и 19 јуни во Македонската филхармонија – информираат организаторите.

„Поточиња“ е еден од најпознатите детски музички фестивали, кој повторно ќе се одржи по три години, без никакви ограничувања и рестрикции.

Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.6.2022 (сабота) и 19.6.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top