Сонот е важен, и тоа е нешто што секој родител многу добро го знае. Спиењето е едно од оние најважните задоволства во животот пред да добиете деца, па затоа е разбирливо зошто секојдневната рутина на спиење и дремнување на еден татко стана вирална на „Редит“.

Токму на оваа мрежа, една мајка објави дека нејзиниот сопруг останува буден до доцна навечер за да игра видеоигри, а потоа, кога ќе си дојдел од работа, барал двочасовна дремка за да може да го надомести недостигот на сон и да може да остане буден до доцна за да игра видеоигри. Очигледно, оваа дремка му била толку важна, што тој ја заклучувал вратата од спалната соба.

Поставил знак на вратата и побарал да не го вознемируваат

Си го цени сонот, па постави едно правило во куќата што строго се спроведува, а тоа е да не се прекинува додека спие. Буквално стави знак на вратата од спалната соба на кој пишуваше „НЕ БУДЕТЕ МЕ“ под никакви околности – раскажува на „Редит“ неговата сопруга.

И покрај ова смешно барање, тоа всушност не е дел од приказната што ја вознемири сопругата. Таа само сакала да му пријде во итен случај со нивното дете.

Имено, додека таткото спиел, случајно жешко масло се истурило врз нејзиниот тригодишен син додека неговата сестра готвела, па детето се здобило со изгореници на раката и дел од надлактицата.

– Побрзав да го разбудам сопругот, тропав, но не добив одговор, па се обидов да ја отворам вратата, но беше заклучена – објаснува сопругата.

Неговиот телефон бил исклучен и тој не отворал, па таа барала од соседот да ги однесе во болница.

– Не можев да губам време бидејќи син ми плачеше. Еден сосед нѐ однесе во болница, а јас бев навистина бесна – вели сопругата.

Кога се вратиле дома, нејзиниот сопруг бил вознемирен и ја прашал зошто не одговара на неговите пораки.

– Полудев откако му ја покажав повредата на нашиот син. Му кажав дека тропав на вратата, но тој рече дека имал слушалки и не слушнал ништо. Му реков дека е несовесен и непромислен затоа што игнорираше семејната ситуација.

Од тој момент, одлучила да престане да се расправа и едноставно да ја отстрани бравата од вратата од спалната соба.

– Почна да ми вика велејќи дека немам право да го правам тоа и дека со тоа ќе му го уништам мирот.

Голем дел од редит-корисниците ја поддржаа сопругата охрабрувајќи ја да ја уништи и конзолата за видеоигри за тој да не може да игра и да почне да се однесува како вистински татко.

Извор



912

X