Воспитување

Има една година и 16 килограми – носи пелени за возрасни

Бебето Сони тежело над 4 килограми кога мајката Џејд Лидер го родила минатиот декември. Како што продолжил да расте – сега веќе има 16 килограми, па ги надраснал типичните пелени за бебиња. Во смешни видео на „Тик-ток“ мајката на три деца Џејд објаснува дека мора да купува пелени за возрасни за Сони, бидејќи тој едноставно е премногу голем.

Кога била бремена со него, лекарите биле загрижени дека таа има гестациски дијабетес поради големината на нејзиниот стомак и губењето килограми. Проверувале 4 пати дали има таква состојба, но изгледа дека Сони едноставно бил поголем од вообичаената големина и тежина на бебињата. Џејд е од Сиднеј и изјавила:

„Кога бев бремена, секогаш беше понапреден за недела-две.

фото извор: SWNS

Лекарите беа загрижени поради тоа и мислеа дека имам дијабетес, но за среќа, се покажа дека тоа не е случај – едноставно имав на пат едно специјално момче. Неговиот татко е голем и моето најстаро дете исто така имаше околу 4 килограми кога се роди, па очекувавме и другите деца да бидат поголеми. Сони е многу интересен и среќен и прави пресмешни гримаси – има прекрасни големи образи. Знае дека прави нешто што не треба, па тогаш ја има најсмешната гримаса, а смешна е и мојата реакција. Засега ползи и се учи да стои на нозе, но јас имам некои проблеми со ‘рбетот и изгледа дека и тој наследил слични проблеми. Не е ништо сериозно бидејќи редовно има физикална терапија, па наскоро ќе може самостојно да оди. Пресреќна сум што го имам како дел од моето семејство и едвај чекам да го гледам како расте и се развива“, истакнала мајката.

Автор: Амелија Белтрао

Извор

Поврзани написи

To top