Истражување направено на 2.000 мајки покажува дека 68 отсто од нив биле шокирани од последиците што породувањето ги направило врз нивните тела. Повеќе од една третина (34 отсто) имале болки во стомакот 6 недели по породувањето, додека 39 отсто се пожалиле на болки во грбот.

Други се бореле со хормонални промени (34 отсто), запек (28 отсто) и болни гради (43 отсто). Многу од нив продолжиле да страдаат од проблеми во текот на четвртиот триместар, период кој трае 12 недели по породувањето, вклучувајќи тешкотии при одење (24 отсто) и инконтиненција (28 отсто).

Истражувањето е дел од кампањата „Риал брт анаунсментс“, чија цел е да им помогне и да ги подготви идните мајки со тоа што ќе ги охрабри да ги споделат своите искуства.

Палома Фејт, мајка на две деца, ја поддржува кампањата откривајќи детали за предизвиците со кои се соочила.

– Мојот живот по породувањето беше далеку од оние розови сцени што ги гледате на телевизија. По итен царски рез, два месеца не можев да одам правилно и бев ужасно исцрпена. Додајте на тоа новороденче и прилично болни гради и ќе добиете незаборавен спомен – изјави Фејт.

– Жените не се доволно подготвени за реалноста на породувањето и периодот што следува по него. Време е да почнеме да споделуваме што навистина се случува – додава таа.

Исто така, истражувањето покажа дека жените се неподготвени за породување по однос на неколку работи: страв (35 отсто), несфаќање колку се чести компликациите (28 отсто) и погрешно разбирање на должината на породувањето (26 отсто).

Речиси половина од мајките (45 отсто) признале дека другите најчесто ги прашувале за благосостојбата на нивните бебиња, а не за нивната.

Извор



912

X