Има нешто прекрасно во есента. Зачудувачки бои, пријатна облека, па затоа на многумина им е омилен период од годината. Ако сакате да внесете есенски дух во домот, има многу изработки што можете да ги направите заедно со децата. Бидете креативни и забавувајте се.

Ежиња

Сѐ што ви треба за оваа едноставна изработка е тенок картон, дрвени стапчиња од лижавчиња, копче и вистински или вештачки лисја.

извор: Пинтерест

Животни од лисја

Земете неколку листови со различна боја и различни боици (водени, темперни) за да додадете очи, нозе и опавчиња на животните.

извор: Пинтерест

Ежиња од костени

Земете црн маркер и бел маркер за да креирате слатки бебиња ежиња од костени, а потоа можете да ги прикачите некаде низ домот како украс.

извор: Пинтерест

Есенски украс

Колку е прекрасна оваа декорација? Може да ја прикачите до прозорците за да внесете малку есенска атмосфера во домот, а се состои од лисја, гранчиња и есенски плодови.

извор: Пинтерест

Уметност со желади

Едноставно натопете ги рацете на децата во боја и оставете отпечаток на хартија, а потоа доцртајте го делот од желадите.

извор: Пинтерест

Синџир од макарони

Обојте парчиња макарони во различни бои, а потоа оставете ги да се исушат и нанижете ги на конец – може да креирате ѓердани, алки и слично.

извор: Пинтерест


Ежиња од шишарки

Ова е многу едноставна изработка, а шишарките се често омилениот дел од есента. Сѐ што ви треба е малку лепило, памук и очиња за ежињата кои може да ги најдете во продавница за играчки.

извор: Пинтерест

Змија од костени

На децата ќе им биде потребна помош за правење дупка во секој костен за да се поврзат меѓусебно со конец или каква било друга тенка лента.

извор: Пинтерест

Есенски тегли

Ова се прекрасни украси кои може да ги чувате на полица цела година. За да бидат безбедни, најдобро е да се стави лажна свеќа во нив за да нема опасност од пожар.

извор: Пинтерест

Автор: Лорна Вајт

Извор



912

X