Наставничката Алиса Кавит од Њујорк поминува многу време со децата, па често разговара со нив и слуша многу нивни „бисери“.

Токму затоа, таа заедно со Грег Данбар, менаџер за дигитален маркетинг во студиото „Волт Дизни“, создаде инстаграм-профил наречен „Live from Snack Time“ со цел да ги документира нивните изјави. Целта на Алиса е да им помогне на возрасните да разберат дека децата не секогаш се однесуваат безобразно за да привлечат внимание, туку тие размислуваат гласно додека постојано примаат нови информации и решаваат проблеми.

Во продолжение ви нудиме урнебесни, смешни, интересни и уникатни цитати од нив.

„Правиш работи за нас, па на еден начин си наш батлер. Но, и ни кажуваш што да правиме, па ти си еден вид батлер кој шефува“ – Ели, 5 години.

„Мамо, зошто е толку темно? Дали е темно затоа што Месечината и Сонцето можат да прават што сакаат? Немаат мајки?“ – Арија, 3 години.

„Тажна сум денес. Ми недостигаат сите кучиња што ги запознав, а и оние што не ги запознав“ – Емили, 4 години.

„Ќе одам на роденденска забава денес. Не знам на чија, ама ќе откријам“ – Ноа, 4 години.

„Го направив, мамо! Повеќе не ми требаш! Освен на срцето. На моето срце и понатаму му требаш“ – Руби, 6 години.

„Го прочитав текстот, ама заборавив да го разберам“ – Макс, 11 години.

„Па, излегува дека тета ѝ е сестра на мама. Светот е мал“ – Робин, 4 години.

„Не те навредувам, туку те опишувам“ – анонимен, 6 години.

„Не сакам да пораснам бидејќи тогаш ќе треба да одам на работа и да не се забавувам“ – Оливер, 5 години.

„Ќе се венчам со Вилијам. Тој е смешен, а тоа е важно во бракот“ – Адисон, 5 години.

Извор



912

X