Еден од првите предвесници на Божиќ, заедно со неизбежната песна на Мараја Кери – „All I Want For Christmas“, е божиќната реклама на „Кока-Кола“.

„Кока-Кола“ и Божиќ отсекогаш имале одлична врска, а познато е дека компанијата го измисли и изгледот на Дедо Мраз каков што го знаеме денес – дебел дедо со долга седа коса и брада. Ги сакаме божиќните реклами на „Кока-Кола“ затоа што се топли и секогаш предизвикуваат понекоја солза.

„Кока-Кола“ не потфрли ни оваа година, а најновата божиќна кампања ја истакнува вистинската магија на врските на луѓето, со лансирањето на првата реклама како дел од кампањата „Вистинска магија“.

Во видеото, насловено „Оџак“ (Chimney), мало дете се доселува во ново соседство и почнува да гради оџак од празни картонски кутии за Дедо Мраз да може да достави подароци. Иако детето ја почнува мисијата само, за брзо време му се приклучуваат сите соседи.

На крајот се открива вистинската причина за градењето на оџакот, па станува јасно дека детето не сакало подарок за себе, туку сакало да ја изненади осамената сосетка.

Извор: 24sata.hr
Фото: Screenshot/YouTube



912

X