Игротека

Момче стана хит поради реакцијата кога малечкото братче го задева

Видео од тригодишно момче што користи техника на нежно родителство ги разнежи тик-ток корисниците.

Мајката Лаура Лав објави видео од своите деца, а трпението на нејзиното тригодишно синче го освои интернетот.

20-месечниот Џона го задева својот брат Картер. Тој се обидува да му ги земе играчките и му го става прстот на лицето. Но, Картер е доста трпелив и го охрабрува малиот брат да почека да дојде неговиот ред.

– Знам дека е тешко понекогаш да се чека. Биди нежен, те молам – му вели тој.

Картер останува смирен цело време.

– Тоа е мое тело и реков не. Не сакам да ме боцкаат – предупредува неговиот мал брат, кој му го турка прстот .

Џона конечно ја сфати пораката и се наведнува кон својот брат и го прегрнува.

– Ми се допаѓа тоа – му вели Џона.

Извор

Поврзани написи

To top