Игротека

Неодоливо пријателство помеѓу деветмесечно бебе и неговиот инструктор по пливање

Бебе и неговиот инструктор по пливање, односно нивното неодоливо пријателство стана вирално на интернет.

Трејси Марторана го запишала својот 9-месечен син Лукас на часови по пливање. Бебето веднаш се поврзало со инструкторот Карлсон Роџерс и еднаш неделно има приватни часови со него.

– Бидејќи бебето се роди во пандемија, нашиот круг на пријатели е многу мал. Ги знае бабите и дедовците, блиските членови на семејството и Карлсон. Карлсон е дел од нас – изјави Марторана.

Карлсон е трпелив, работи пополека и му дава време. Ако плаче, ќе го утеши, ако сака да игра и да се прска со вода, со задоволство ќе му се придружи и ќе си игра со него.

– Уживам кога ја гледам нивната врска. Лукас обожава да го гушка и да се држи за него – вели неговата мајка.

Додека Лукас бил на час по пливање, мајка му го снимила прекрасниот момент на нејзиниот син и инструкторот и го објавила на социјалните мрежи.

– Сега сите го сакаат Карлсон. Мислам дека ова вредеше да се сподели и луѓето треба да го видат. Љубовта не познава граници – вели мајката на Лукас.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top