Модата веќе долго не е резервирана само за возрасните, туку и за децата, па продавниците се преполни со облека и детали наменети токму за најмладите. Дознајте кога е вистинското време да им дозволите самите да си ги избираат своите комбинации за облекување, но и како да им поставите граници на децата кога е шопингот во прашање.

Многу мајки може да посведочат како нивните девојчиња со веќе навршена година, со прстите самоуверено покажуваат на комбинација за облекување која сакаат да ја носат тој ден. Шаренило на бои, пријатни материјали, светки, панделки… ја скокоткаат детската фантазија и не е чудно што девојчињата сакаат облека која ги потсетува на игра и радост. Момчињата, пак, во рана доба, сакаат да носат маици, тренирки или јакни со лик на некој суперхерој од цртан филм, како и облека на која има интересни мотиви, на пр., автомобили, возови, топки, авиони или некои омилени животни. Но, на многу родители таквиот избор и не им е баш пријатен. Па дали тогаш треба да се дозволи децата да го облечат она што им се допаѓа и што го сакаат тој ден?

Имено, за помалите деца е најважно облеката да биде удобна и во слоеви, па лесно да се соблекува. Што се однесува до облекувањето за градинка, најдобар избор се памучните тренирки кои на детето ќе му дозволат неограничено движење, а ако вашето девојче или момче веќе во градинка бара самото да си ги избира комбинациите за облекување, дозволете му го тоа, но под услов облеката да е топла, удобна и чиста, како и да е со вистинскиот конфекциски број.

Што се однесува до складноста на материјалите и боите, немојте да обрнувате внимание на тоа. Истражувањата покажале дека децата почнуваат да креираат свој стил од 10 години. Тогаш одредете им го буџетот кој може да го потрошат на шопинг и предупредете ги дека не може да купат сѐ што им се допаѓа. Пофалете го нивниот избор бидејќи модата денес е начин на кој ја изразуваме својата припадност, но и својот карактер.

Автор: Дуња Ладиќ

Извор



912

X