Многу се зборува за тешкотиите со кои се соочуваат родителите што работат, но еве за што не разговараме доволно: предизвиците со кои се соочуваат родителите кога бараат работа.

Во некои земји градинките и местата што згрижуваат деца се многу скапи, а ако не сте вработени, тешко е (или невозможно) да ги запишете во градинка или да изнајмите некој што ќе ги чува. Ова претставува сериозна пречка за луѓето што се невработени, а биле повикани на интервју за работа, кога ќе сфатат дека нема кој да го чува нивното дете.

Како родителот да обезбеди работа кога нема кој да се вклучи и да помогне во чувањето на детето?

Една мајка се нашла во ваква ситуација, но, за среќа, била повикана на интервју од компанија која ги поддржува родителите што работат и создава култура поволна за семејствата.

Меги Мундвилер сподели видео на „Тик-ток“ со детали за нејзиното искуство. Според видеото, оваа мајка била отпуштена од работа во текот на пандемијата. За време на нејзината потрага по друга работа, таа била поканета на второ интервју во одредена компанија, но не успеала да најде некој што ќе го чува нејзиниот син. Станува збор за проблем со кој се соочуваат многу родители и тоа е непобитен проблем што не можат да го решат додека бараат работа.

Добрата вест е тоа што компанијата каде што Меги имала интервју го направила она што било очигледно во оваа ситуација: оттаму ѝ рекле дека се компанија која дозволува вработените да ги носат децата на работа и ја поканиле Меги да го понесе нејзиниот син на интервјуто.

Меги го направила токму тоа: го облекла нејзиниот син во прекрасно костимче, ја средила неговата количка и го зела на интервју. Дури и тој на интервјуто отишол со резиме (неговите достигнувања се неверојатната можност да ја соблече пелената, како и целосно уништување на просторот во 30 секунди).

@314handcrafted

Ever been to a toddler friendly interview? #companyculture #toddler #fyp #foryourpage #PrimeDayDealsDance #toddler #covidbaby #job #interview #cute

♬ original sound – Cody V.

Видеото е неодоливо, но зборува и за нешто поголемо. Носењето на децата на интервју за работа треба да биде опција за родителите кои инаку би морале да го откажат интервјуто и да пропуштат голема можност. Всушност, набљудувањето како еден родител е способен во мултитаскинг и се грижи за своето дете додека одговара на прашањата за време на интервјуто треба да се гледа како импресивна вештина.

Извор



912

X