Драги сине,
Забавувањето е незгодна работа и тешко е да се направи како што треба. Но, искрено, тоа е најважната работа што некогаш ќе ја направиш. Затоа што начинот на кој се забавуваш диктира со кого се забавуваш. А онаа со која се забавуваш ќе стане твоја сопруга, а кога ќе ти биде сопруга, ќе го одреди твоето идно семејство и така натаму. Затоа, забавувај се мудро. Еве неколку очекувања што ги имам за тебе кога е во прашање забавувањето:
– Секогаш ти пријди ѝ на девојката директно и прашај ја лично да се гледате и забавувате. Ако тоа не е можно, прашај ја преку телефон. Никогаш и мислам никогаш, не прашувај ја да излезете преку порака или е-пошта.
– Секогаш изведи ја девојката на состанок. Без оние „ајде да седиме кај мене и да гледаме филм“ глупости. Очекувам да одиш по неа и да ја однесеш некаде. Тоа не мора да биде ништо популарно, комплицирано или креативно. Некогаш најдобри состаноци се оние едноставните, како пикник во парк. Секогаш труди се да ја одведеш на место на кое ќе се чувствува пријатно и ќе ужива.
– Отвори ѝ ја вратата од автомобилот на твојата девојка. Отворај ѝ ги сите врати.
– Ти биди тој што ќе плати за излегувањето. Без прашање. Татко ти и јас ќе се погрижиме секогаш да имаш пари за твоите излегувања. Немој дури ни да ја делите сметката.
– Почекај ја девојката пред врата. Не испраќај ѝ пораки од автомобил или уште полошо, да свириш кога ќе стигнеш. И секогаш испрати ја до врата на крајот од состанокот.
– Користи го разумот кога е во прашање бакнувањето. Не бакнувај ја секоја девојка, но не плаши се да ја бакнеш онаа вистинската.
– Слушај ја девојката со која си излегол. Најдобрите состаноци се оние на кои ја запознаваш девојката со која си излегол. Поставувај ѝ прашања и дели ги приказните за себе. Целта на состанокот е да пронајдеш некој со кого би можел да ја поминеш иднината. Колку повеќе излегуваш со некоја девојка, би требало повеќе да ја запознаеш.
– Секогаш биди јасен во своите намери. Ако не си се поврзал со девојката, прекини го тоа и не одложувај. Може да боли во моментот, но таа ќе ја цени твојата искреност. И ако почувствуваш поврзаност, кажи ѝ го тоа. Девојките сакаат искреност и целиот процес на забавување ќе биде полесен ако го следиш ова едноставно правило.
– Забавувај се, но секогаш со една девојка. Кога ќе пронајдеш девојка за која си сериозно заинтересиран, биди само со неа и биди верен. Секогаш, секогаш биди верен. Ако одлучиш дека работите не одат како што треба или сретнеш некоја друга која би сакал посериозно да ја запознаеш, врати се на правилото пред ова.
– Имај физички контакти. На вистинскиот начин. Држете се за раце, прегрнувај ја, фати ја околу половината, бакни ја во главата, допри ѝ ги колената, овие слатки знаци на внимание им годат на девојките и се чувствуваат добро. Да се оди предалеку во физичка смисла, само прави забуна во врската и никогаш не може да се поништи.
– Внимателно со нејзиното срце. Жените се силни, но и деликатни. Немој да го расипеш тоа. Немој да бидеш одговорен за нејзиното тврдо срце.
– Запознај ги нејзините пријатели и семејството и твоите нека ја запознаат неа. Особено јас.
– Кога ќе дојде време, кажи ѝ дека ја сакаш, многу. Всушност, кажувај ѝ различни убави работи. Сите заслужуваат комплименти.
– Послужувај ја. Не како келнер. Направи ѝ појадок, исфрли ги отпадоците, понуди ѝ ја твојата јакна кога ѝ е студено, разбираш…
– Изненадувај ја. Малите работи многу значат. Држи се до малите изненадувања. Донеси ѝ го омилениот сок, купи ѝ цвеќе, или појави се на работа и одведи ја на ручек.
– Никогаш не потценувај ја моќта на пишаниот збор. Колку е убаво да се прават убави работи, уште е поубаво да ги напишеш така што ќе можеш да се вратиш на нив и да се потсетуваш. Пишувај ѝ љубовни писма или пораки.
– Кога ќе дојде вистинското време и ќе ја пронајдеш онаа посебната, клекни на колено и изговори ги оние посебни зборови.
Те сакам сега, секогаш и засекогаш. И знај дека еден ден ќе ја сакам и неа.
Со љубов, мама.
Автор: Ивана Ќирковиќ
912