Во текот на бременоста, може да ви изгледа како да не престанувате да трчате во тоалетот заради мачнини. Тоа во најголем број случаи е нормална појава, а со тоа се среќаваат многу идни мајки. А до кога траат утринските мачнини?

Кај најголем број жени, мачнините ќе престанат околу третиот месец од бременоста. Обично тоа е во период помеѓу 12 и 14 недела. Сепак, постојат и жени кои ја немаат таа среќа. Кај мал број од нив може да продолжат и во текот на второто, па дури и во текот на третото тромесечје.

Дали е во ред мачнините одеднаш да престанат?

Да, можно е. Едно утро се будите, и тие преку ноќ престанале. Исто така, може да се случи и постепено да се намалуваат, се додека во еден момент не забележите дека потполно престанале. Многу жени дури и не забележуваат дека се се смирило. Доколку престанат одеднаш, немојте да помислите дека на бебето нешто му се случило. Не му се случило.

Дали мачнините може да престанат, па повторно да почнат?

Да, можно е и ова да се случи. Тука обично се вклучени и други фактори, како храната која сте ја јаделе, или пак ако не сте јаделе ништо.

Дали утринските мачнини влијаат на моето бебе?

Околу ова не треба да се грижите. Мачнините не влијаат на вашето бебе во вашиот стомак. Сосема е разбирливо што се прашувате дали толкавото напрегање и повраќање влијае на развојот на бебето, но сите податоци укажуваат на тоа дека не постои причина за грижа. Доколку се случува да повраќате нон-стоп и ниту една храна не ја задржувате во организмот, тогаш би требало да се обратите на лекар. Постои состојба која се наркеува „Хипермесис гравидарум“, а која е можна во бременоста. Лекарите советуваат да не се грижите многу доколку не можете заради мачнина да се храните совршено здраво или пак доволно. Јадете го она што ви одговара и од што мачнините ви се смируваат.

Во кој момент треба да се обратам на лекар заради непрестана мачнина?

Кога ќе почувствувате дека веќе не сте во состојба да се носите со утринските мачнини, тогаш е време да се обратите на лекар. Тој може да ви даде лекови кои ќе делуваат на мачнината, а кои се безбедни за трудници. За жал, некои мајки се среќаваат со пресилни мачнини кои навистина може да им наштетат. Затоа лекарите велат дека треба да им се јавите ако:

-Не сте можеле да ја задржите храната или течност во рок од 24 часа
-Урината ви е со потемна боја
-Не сте биле по мала нужда повеќе од 8 часа
-Чувствувате поголем замор, вртоглавица или несвестица кога стоите
-Имате болки во стомакот
-Имате температура повисока од 38 степени Целзиусови
-Повраќате крв

Состојбата со силни мачнини се нарекува „Хипермесис гравидарум“. Со соодветен третман кој ќе ви го одреди лекар, ќе можете помирно да поминете низ бременоста и да уживате во таа блажена состојба.

Извор



912

X