До кој месец од бременоста смеете да се бањата во море, како да се справувате со летните горештини, какво однесување трудниците треба да избегнуваат на море – ова се само некои од прашањата кои ги мачат летните трудници.
Гинекологот д-р Ула Мартон вели дека летувањето на море, трудниците не треба да го избегнуваат. „Доколку се работи за уреден тек на бременоста, значи дека трудницата нема покачен крвен притисок, нерегулиран дијабетес, нерегулирана хормонска функција на тироидната жлезда, бубрежни болести и/или болести на срцето, ако не се сомнева на ниска постелка или можност за предвремено породување или било која загрозеност на плодот како што е на пример, застој на растот на плодот – тогаш трудниците може да патуваат. Но, секако патот до дестинацијата, како и самото однесување на дестинацијата, идната мајка треба да го прилагоди на себеси и своите телесни можности, постојано слушајќи го своето тело. Патувањето со било кое сообраќајно возило бара одмор на секои 1,5 до 2 часа со лесно растегнување, прошетка и полнење батерии“, препорачува д-р Мартон.
Внимавајте на температурата на море
Гинекологот вели дека бањањето во море не претставува препрека и не може да предизвика проблеми во текот на бременоста. Напротив, морето има позитивно влијание на телото, а бањањето овозможува примерна вежба за телото на трудницата. Сепак, треба да се внимава на температурата на морето. „Во секој случај, бањањето во море е значително поприфатливо од бањањето во базени и џакузи. Заради температурните разлики препорачливо е да се избегнуваат турски бањи, мокри и суви сауни. Од хигиенски причини, се препорачува избегнување на џакузито“, советува гинекологот. Она на кое идните мајки секако би требало да обрнат внимание, е да ги менуваат мокрите костими за капење со цел превенција при воспаление на мочниот меур кое е значително почесто во текот на бременоста.

Избегнувајте претерано изложување на сонце
Гинекологот општо препорачува да се избегнува претерано изложување на сонце кое може да предизвика изгореници, топлотен удар со треска и дехидратација, преку пад на електролитите кои можат во голема мера да го загрозат здравјето на мајката, но и бременоста. „Затоа внимателно, немојте да го заборавите соодветниот внес на течности и тоа 3 до 4 литри дневно, со многу овошје и зеленчук на секои 2 до 4 часа. Возењето со моторни чамци и глисери не се препорачува во втората половина од бременоста, како ни скијање на вода, а скокањето на глава заради менувањето на крвниот притисок може да доведе до несвестица. Пливањето мора да биде балансирано и примерно на телесната кондиција на мајката“ – советува д-р Мартон и додава дека, ако бременоста е уредна, стравот и предрасудите се единствените причини заради кои некои веруваат дека за трудниците бањањето во море е опасно. „Уживајте во морето и неговите благодети како и во својата бременост“, препорачува гинекологот.
Автор: Тајана Третњак