Секој родител барем еднаш рекол нешто заради кое што зажалил, бидејќи детето било луто, повредено или збунето. Експертите тврдат дека зборовите оставаат длабока трага, многу поголема отколку што луѓето понекогаш мислат. „Зборовите за децата може да бидат конструктивни или деструктивни, па мудро бирајте што ќе кажете пред детето. Нешто што на возразните им изгледа безопасно, може многу лошо да влијае на детето – вели психологот Џил Витни. Ова се речениците кои не би смееле да ги кажете на деттео бидејќи на него ќе влијаат демотивирачки и што би било подобра опција за да се чувствуваат подобро.

Побрзај, премногу си бавен!

Кога детето наутро се облекува за научилиште, често може да биде бавно. Но, да го притискате да биде побрзо е погрешно. Иако доцните, немојте да го повишите тонот и да му заповедате на детето бидејќи тоа нема да биде мотивирачко. Наместо тоа, побарајте помирен начин да ги забрзате работите. На пример, предложете игра со тркање во облекување бидејќи тоа ќе го поттикне да биде побрзо.

Остави ме на мира

Секој родител има потреба од време за одмор. Сепак, не би требало да му кажете на детето дека ви пречи. Децата сакаат да бидат признаени па тоа може многу да им пречи. Одговорите на соодветен начин и забавувајте ги додека сакате да одморите. Дајте им задачи за нивната возраст кои ќе ги развеселат. Можете да им кажете дека имате нешто важно да завршите и да им предложите децата да си играат додека не завршите. Но, ако им ветите дека потоа ќе се занимавате со нив, тоа и остварете го.

Зошто не можеш да бидеш како твојот брат/сестра?

Природно е да ги споредувате вашите деца, но не би требало да дозволите да ве слушнат. Со тоа поттикнувате нездрава конкуренција и децата може да не се чувствуваат доволно добри. Тоа значи дека сакате детето да биде како некој друг кога ќе го споредите. Освен тоа, психолозите тврдат дека споредбите веројатно нема да го променат однесувањето, туку само ќе го притискате детето да направи нешто што не сака или за кое не е спремно, поткопувајќи ја неговата самодоверба. Наместо тоа, поттикнете го и инспирирајте го детето за тоа што може самото да направи и упатете му пофалба кога ќе стори нешто добро.

Со вежбање до совршенство

Не постои такво нешто како совршено, да се биде совршен не е добра цел бидејќи не постои, вели Бетси Браун, експерт за развој и однесување на деца. Така испраќате порака дека детето не се трудело доволно и не вежбало. Наместо тоа, кажете колку фрустрирачко и напорно може да биде вежбањето и дајте некои примери каде што детето вежбало и се подобрило.

Јас ќе го довршам тоа за тебе

Природно е да сакате да му помогнете на детето додека ја реди сложувалката. На крајот ан краиштата, не сакате да го гледате детето тажно. Но, ако прерано скокнете, можете да ја поткопате неговата независност. Обидете се да му дадете можност на детето да го заврши проектот за да си изгради самопочит. Секое разочарување е златна прилика за детето да се соочи со секојдневните подеми и порази. Наместо тоа, почекајте најпрво да побара помош. Потоа поставете му прашања за да му помогнете да го реши проблемот.

На диета сум

Ако се грижите за својата тежина, задржете ја за себе. Разговорот за физичкиот изглед може да доведе до тоа детето да развие нездрава слика за своето тело. Ако гледа дека се борите со начинот на кој изгледате, тие можат да замислат дека мораат да изгледаат на одреден начин.

Затоа што јас така реков

Кога брзате, ја изговарате оваа реченица, но обидете се да ја избегнувате. Можете да кажете нешто како: „Знам дека денес сакате да играте надвор. Прво морате да ја завршите домашната задача. Како би било после да си играме надвор?“. Понудете и поттик за довршување на задачите. Речете: „Би било од голема помош за семејството ако ми помогнеш да исчистам. Ако сега ги собереш играчките, може после да си играш“. Тоа повеќе ќе го заинтересира детето отколку да го покажуваш својот авторитет.

Би направил се за тебе

Можеби се чувствувате како да правите се за нив – готвење, но немојте тоа да им го префрлате. Не очекувајте дека ќе ви вратат со екстремна влагодарност или добро однесување. На пример, детето можете да го научите на благодарност така што ќе го пофалите својот сопружник: „Каква вкусна вечера! Многу ти благодарам, тато!“. Децата така ќе научат дека е убаво некому да се заблагодарат за нешто.

Не е толку страшно

Можеби за вас не е важно што детето не е повикано на роденденот од неговиот пријател од градинка или училиште, но тоа за него е голема работа. Ако тоа го омаловажувате, покажувате дека не разбирате како се чувствува детето, правејќи го засрамено или збунето. Немојте да судите, само обидете се да сочувствувате.

Ти си лажливец

Дури и ако детето земе пари од паричникот, повишениот тон ќе го натера да се чувствува како да е лично нападнато. Дознајте зошто лажело наместо да го обвинувате и отворено разговарајте – вели педијатарот Едвар Кулич. Подобро кажете дека можело да ти се обрати ако нешто му треба, но не и дека сте лути. Секогаш обидете се да поттикнете разговор.

Биди внимателен

Тие зборови може да имаат спротивен ефект и поголема е веројатноста дека детето ќе се глупира. Подобро кажете: „Веќе беше сама кај пријателката. Беше добра и знам дека ти тоа го можеш“. Психолозите тврдат дека тоа ќе ја изгради самопочитта кај детето и ќе го подобри вашиот однос.

Автор: Стејси Фајнтуч

Извор



912

X