Воспитување

Одлики што ги красат средните деца – одлични преговарачи, родени лидери

Синдромот на средно дете го објаснува феноменот дека средните деца во семејствата се чувствуваат занемарени и несакани во однос на своите браќа и сестри. Но, последните податоци покажуваат дека тој синдром всушност е мит, а експертите тврдат дека средните деца развиваат способности со чија помош се поуспешни од браќата и сестрите.

Знаат подобро да преговараат

Секое дете има своја улога – постарото дете има природна моќ над браќата и сестрите, најмладите имаат сочувство, а средното знае одлично да преговара бидејќи научило да биде трпелив слушател, како и дипломат. Тие не се најгласни, но се најуверливи.

Тимски играчи

За разлика од постарите и помладите, средните деца знаат да делат. Од првиот ден тие ги делат просторот, играчките, времето и љубовта на родителите. Поради тоа, тие се повешти во ситуации со поголема група луѓе.

Подобро одржуваат пријателства

Со оглед на тоа дека добиваат помалку внимание од семејството, поголема е веројатноста дека цврсти односи ќе почнат да градат некаде на друго место. Експертите тврдат дека тие ќе имаат подобри пријатели кои им претставуваат проширено семејство. Така го надоместуваат изгубеното, а изградуваат лојални и длабоки чувства.

Имаат помало его

Поради недостиг на внимание дома, се покажало дека некои средни деца имаат пониско чувство на самопочит од своите браќа и сестри. Иако тоа може да биде слабост, помага во некои ситуации.

Родени лидери

Средните деца учат од постарите браќа и сестри и се истовремено пример за помалите. Тоа создава силна емпатија, вештина за преговарање и флексибилност – совршени алатки за лидер. Повеќето од американските претседатели биле средни деца меѓу кои и Томас Џеферсон, Абрахам Линколн, Теди Рузвелт и Џон Ф. Кенеди.

Тие се одлични брачни партнери

Истражувањата покажале дека средните деца се посреќни и позадоволни во бракот од другите. Тоа се случува бидејќи се повеќе склони кон компромиси, знаат подобро да решаваат судири и нивните односи се долготрајни.

Автор: Стела Туѓан

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top