Како и за сите други аспекти од својот живот, пејачката Пинк секогаш била отворена и во врска со малку затегнатиот однос со мајка ѝ Џудит. Но, во својот најнов документарен филм „Пинк: Сè што знам досега“, пејачката открила како тоа што родила деца довело до пренасочување на нејзиниот однос со мајка ѝ. Признала дека во минатото верувала дека никогаш нема да има деца, бидејќи се плашела дека со децата ќе има идентичен однос каков што имала со мајка ѝ.
„Мислам дека пред да станам мајка, не сакав да станам родител бидејќи немав добар однос со мајка ми и бев преплашена“, открила ѕвездата, но не навлегувала во детали зошто нивниот однос бил таков.
Сепак, кога останала бремена, имала визија како планира да ги одгледува своите деца. „Мојата почетна мотивација беше да направам сè што можам за да бидам блиска со таа личност и да ѝ дозволам да биде таква каква што е“, објаснила Пинк. Но, еден коментар на нејзината мајка, во време кога нејзината ќерка Вилоу имала околу 3 години, ја навел да сфати дека и нејзината мајка е само човек – со маани слични на нејзините.
„Ме погледна со солзи во очите и ми рече – Едноставно никогаш не знаев дека родителството може да биде толку пријатно, сè додека не видов како ти го правиш тоа“, се потсетила Пинк.
Денес тие две имаат подобар однос, а Пинк научила како да ја разбира својата мајка и како повеќе да ја цени.