Здравје

Некои родители им дозволуваат на своите тинејџери да консумираат алкохол во пандемијата

Многу родители, претежно мајките, ги презедоа обврските поврзани со своите деца за време на пандемијата, на пример, водење на нивните онлајн-часови, давање активности, забавување…, па се подразбира дека во такви периоди се очекува и зголемување на консумацијата на алкохол. Врз основа на новата студија на Сара Мустило и нејзиниот тим во колеџот за уметност „Нотр Дам“, 1 од 6 родители ги оставал своите тинејџери да пијат алкохол за време на карантинот.

Ова беше различно пред ковид-19. Родителите што биле анкетирани претходно рекле дека не ги оставале своите тинејџери да пијат. Студијата вклучувала 456 родители од Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Висконсин, кои имале двајца тинејџери со разлика во возраста од околу 2,5 години. Семејствата пополниле онлајн приватни анкети за време на карантинот во пролетта 2020 година. 16 отсто од родителите што им дозволувале на барем еден од своите тинејџери да пие, пиеле дома. 46 отсто од родителите, од друга страна, им дозволувале на двајцата свои тинејџери да пијат. 24 пациенти од родителите му дозволувале да пие на своето постаро дете, а 4 отсто му дозволувале на помладиот тинејџер.

Многу држави во САД имаат закони во однос на консумацијата на алкохол. На пример, во Луизијана, Небраска, Невада, Њу Џерси, Оклахома и Јужна Каролина, на тинејџерите им е дозволено да пијат во приватни места каде што не се продава алкохол, и без согласност од родителите. Но, во 29 држави тинејџерите може да пијат во приватни места каде што не се продава алкохол само ако имаат согласност и дозвола од родителите.

Експертите откриле дека највиталниот фактор зошто родителите им дозволуваат на тинејџерите да пијат е ако тинејџерите веќе пиеле пред пандемијата со коронавирусот. Мустило и нејзиниот тим откриле дека бројот на семејства што сега ги оставаат своите тинејџери да пијат е шокантен. Мустило изјавила дека се шокирани бидејќи многу родители веруваат дека оставањето на децата да пијат само кога тие гледаат, на пример, кога се дома сите заедно, може да доведе до помала злоупотреба на алкохолот од страна на децата во иднина. Но, податоците не поддржуваат такво тврдење. Дозволата од родителите за пиење и раното започнување со консумација на алкохол се ризик-фактори за хронично пиење. Затоа Мустило и нејзиниот тим сугерираат тинејџерите да ги посетат своите лекари за да добијат совети. Тимот, исто така, посочува лекарите да ги поддржат родителите во однос на промената на начините за справување со ситуацијата.

Кога станува збор за родителите кои ги оставаат своите деца да пијат, тимот сугерира идните студии да ги тестираат промените во нивната исхрана, сонот, користењето на екраните и другите бихевиорални рутини. Исто така, нудат информации за долгорочните ефекти на родителството врз здравјето, по пандемијата. Луѓето што биле вклучени во студијата биле 85 проценти од белата раса, 9 отсто од црната, а 6 отсто Латиноамериканци. Најголемиот број лица од студијата биле жени – 85 отсто, а само половина од нив лица со високо образование. 72 отсто од луѓето во анкетата биле вработени, а просечниот семеен приход е помеѓу 80 и 90 илјади долари.

Автор: Фатима Виреј

Извор

Поврзани написи

To top